Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на „кафе“ со малолетно девојче од 13 години, му се обрати Паунов на Спасовски

Дали-е-нормално-кога-возрасен-маж-со-возило-за-време.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Виктор Паунов, градоначалник на општина Карбинци утрово преку друштвените мрежи му се обрати на Спасовски и рече дека граѓаните не се чуствуваат безбедни во однос на немилиот настан кој се случи вчера кога непознато лице со возило марка Голф со скопски регистарски таблички се обиде да намами и заведе во своето возило 2 ученици од 9-то и 6-то одделение.


„Кои биле мотивите? Дали е нормално кога возрасен маж со возило за време на настава бара да оди на ,,кафе” со малолетно девојче од 13 години и притоа девојчето видно вознемирено го пријавува случајот во училиштето а училиштето до МВР, да се земе како случај кој не бил обид за такво нешто? Наместо брзата реакција на училиштето да биде аларм за МВР, се случи спротивното, МВР демантира дека воопшто имало ваков обид“, напиша тој во својата објава.

Како што вели тој, ниту една закана од страна на министерот Спасовски, ниту една закана од страна на доушниците нема да го исплаши да реагира на вакви непосакувани ситуации.

„Моја грижа се жителите на мојата општина Карбинци, децата во училиштата, градинката и секој граѓанин во оваа општина! Политиката да ја тргнете надвор од реалната ситуација а безбедноста да ја подобрите во интерес на сите граѓани. Кога имате пријава од страна на директор на училиште и градоначалник на општина со индиции за ваков случај ова треба да биде сфатено и постапено со нај сериозен пристап. Со вакви изјави на министер, нервоза и потење пред камерите, граѓаните не се чувствуваат безбедни во Карбинци“, објави градоначалникот на Карбинци на својот профил.

На одговорност вчера на прес конференција повика МВР Оливер Спасовски кон лицата кои вчера пренесоа дека во општина Карбинци имало обиди за киднапирање на деца.

Меѓу нив, Спасовски го спомена и градоначалникот Виктор Паунов.

Од полицијата рекоа дека според пријавата не станува збор за киднапирање туку за едно момче кое поканило ученичка на кафе но таа одбила.

-Денеска (05.12.2023) во 9.52 во СВР Штип од основното училиште во Карбинци е пријавено дека околу 9.30 часот со патничко возило Голф, во школскиот двор на училиштето се појавило младо момче, кое според пријавата, поканило ученичка да влезе во неговиот автомобил за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и го пријавила случајот кај директорката. Се работи на расчистување на случајот-велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK