Дали ДПМНЕ се плаши од наодите во истрагата на Онкологија што толку очајно злоупотребува болни, прашуваат од СДСМ

Дали-ДПМНЕ-се-плаши-од-наодите-во-истрагата-на-Онкологија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавноста е сведок на очајни обиди на опозициската ДПМНЕ да ја злоупотребува акцијата на надлежните институции на Онкологија, ги злоупотребува болните и го политизира случајот, реагираат од владејачката СДСМ.


„Наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции за расчистување на криминалот на клиниката за Онкологија којашто се спроведува после 20 години.

Дали ДПМНЕ се плаши од наодите во истрагата?“, прашуваат од партијата на власт.

Одговорноста за криминалот на Клиниката за онкологија, според оваа партија, има име и презиме и врз основа на докази и законска институционална постапка ќе се санкционира секој што е инволвиран, години наназад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK