Да се потсетиме што им наложи државата на приватните установи за време на Ковид

korona_3453543-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Појавата на пандемијата и присуството на тогаш опасниот вирус, наметна многу нови начини на функционирање и предизвика вонредни услови на работа кои беа императив за сите. Токму во услови на вонредна состојба Владата донесе закони, измени и законски уредби со кои, надвор од редовното работење наложи нов начин на работа и нови правила. Ова се однесуваше и на стопанските и на здравствени капацитети и без разлика, на приватните и јавните установи. Една од таквите законски уредби беше и таа за Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со која им се  наложи на приватните здравствени установи да укажуваат здравствени услуги за Коронавирус COVID-19. Тоа значи дека владата со закон ги обврза приватните здравствени установи да лечат пациенти кај кои е детектиран вирусот.

Оваа уредба беше објавена во службен весник на 22 јуни 2020 година и гласи „Приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста за интензивна нега и терапија, укажуваат здравствени услуги и за заразната болест Коронавирус COVID-19 за пациентите примени во установата кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на причинителот Sars-Cov-2 вирус за заразната болест Коронавирус COVID-19 во нивниот организам.“


Уредбата е донесена со законска сила и во тие услови приватните здравствени установи мораа да ги спроведуваат односно беа обврзани да ги прифатат сите пациенти со Ковид-19 и да ги лекуваат во сопствените капацитети.

Во рамките на оваа уредба беше донесено и дополнително уредување на здравствените услуги опфатени со фондот. Во тој дел законската уредба вели „Фондот за здравственото осигурување на Република Северна Македонија склучува договор со кој ќе ги договори обемот и видот на здравствените услуги кои здравствената установа од ставот 7 на овој член ќе ги врши во периодот на важењето на оваа уредба, согласно прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување“.

Но, во истата вонредна состојба тоа не се случи и приватните здравствени установи беа оставени со обврската да ги примат и лекуваат сите пациенти а без тоа да биде регулирано со Фондот за здравствено осигурување.

Како една од мерките што, исто така беа наметнати кон приватните здравствени установи беше и наложената  распределба на здравствен персонал, доктори и сестри од приватното здравство пополнуваат празнини во јавното здравство каде што имаше недостаток. Во тој период имаше и иницијатива за создавање на дополнителен капацитет за Ковид покрај веќе постоечките кои беа полни, кој што материјално и финансиски, со објект, апаратура и персонал, ќе биде опремен од приватните здравствени установи а ќе се биде менаџиран од јавното здравство.

Ова се само дел од одредбите со кои приватното здравство беше ставено во функција на националното справување со ковид пандемијата, без притоа да се регулира нивното учество и беа да се дефинираат обврските на државата кон приватните здравствени установи како стопански субјекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK