ЦУК: Вчера пожарникари гаснеа 10 пожари на отворен простор, сите се изгаснати

ЦУК-Вчера-пожарникари-гаснеа-10-пожари-на-отворен-простор-сите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари вкупно на отворен простор и сите ги изгаснале, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК). Денеска временските услови се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари, велат од ЦУК.

При вчерашните десет пожари, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци и слично.

Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: во период од 10:30 до 13:35 часот, гаснеле запалено ѓубриште кај Спортската сала – Борис Трајковски. во гаснењето на пожарот интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2, во општина Карпош. Во период од 13:50 до 15:00 часот гаснеле запален сува трева покрај улицата „Бел Камен“, при што во гаснењето на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и 4 пожарникари. Зафатена била површина од 4.000 м2, во општина Бутел. Во период од 21:22 до 22:55 часот, на улицата „Иван Манолев“ во општина Бутел, гаснеле запален двор – запалена барака и шупа, а во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 противпожарни возила и 12 пожарникари.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите од ТППЕ Битола во период од 16:45 до 18:00 часот со едно противпожарно возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај село Долно Српци во општина Битола; ТППЕ Демир Хисар интервенирале во период од 14:30 до 15:35 часот со едно противпожарно возило и двајца пожарникари интервенирале на ниска вегетација во атар на село Обединик во ппштина Демир Хисар; ТППЕ Прилеп интервенирале од 16:25 до 17:10 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација меѓу касарните и Дата центар, кај депонијата во Прилеп во општина Прилеп.

Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека во период од 15:15 до 17:15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата „Суви Лаки“. Во гасењето на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и двајца пожарникари и се вклучиле и месно население како и две лица од гранична полиција. Имале и мала интервенција во бизина на истата локација (Општина Берово)

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се навеува дека во период од 13:10 до 16:05 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата „Долно Којнари“ во општина Куманово и ТППЕ Крива Паланка бележеле една помала интервенција во општина Крива Паланка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK