Од утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете, до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради операција на ‘рбетниот столб, со хеликоптер на МВР што се опремува со преносна медицинска опрема.
Конкретно, на ден 13 мај 2024 година, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, а потоа дополнително преку електронска пошта до Центарот за управување со кризи било упатено барање, од родителот на детето, за транспорт од Охрид до болницата во Истанбул.
Инаку, детето коешто се транспортира со хеликоптер, имало проблем со моториката, не може самостојно да оди, не зборува и има голем степен на искривување на ‘рбетниот столб, повеќе од 80 отсто. Заради наведените здравствени проблеми долготрајниот транспорт по земја е можно дополнително да се одрази негативно врз здравствената состојба на детето. Ако се земе предвид дека оваа операција на ‘рбетот спаѓал во тешки и ризични операции, а постоперативното опоравување е долгорочно и многу тешко, особено во таква состојба, констатирано е дека друг вид на транспорт со толкаво времетраење е многу ризичен и опасен по животот на девојчето.
По упатеното барање во ЦУК, во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на барањето е позитивно одговорено и денеска е денеска успешно се реализираше транспортот на болното дете со хеликоптер на МВР што се опремува со преносна медицинска опрема до Истанбул.
Според комуникацијата што ја оствари ЦУК, детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул, а за кратко време хеликоптерот ќе се врати во базата во Скопје.