ЦУК: 15 пожари на отворено

Видео-Хеликоптерот-на-МВР-исфрли-над-30-тони-вода-локализиран.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2 072 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,43%, а 35,57% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.


Кон Полиција биле упатени 64,65%, кон Итната медицинска помош 24,14%, a кон пожарникарите 6,32%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 856 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (4,89%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (35,57%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

15 пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, и од нив активен се води само уште еден на место викано Рамнин. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот на отворено, на место викано Рамнин, атар на село Цер (Општина Кичево) каде што гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека се води се уште како активен. Од ЦУК се известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“. Од подружница „Лопушник“ на ден 20.06.2024 година има интервенирано екипа со 5 вработени и месно население од село Цер но поради големата оддалеченост и исцрпеност екипата е повлечена по околу 17.00 часот. Денеска е планинароно да се интервенира со воздушна поддршка од страна на МВР.

Регионалниот ЦУК Скопје информира дека имало четири пожари на отворено во Скопскиот регион. БППЗ на Град Скопје од 11.25 до 12.20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 1000 м2 во атарот на с.Љуботен (Опш.Бутел); од 14.15 до 15.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 60m2 во атарот на с.Јурумлери (Општина Гази Баба); од 14.30 до 16.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 3 000m2 во атарот на с.Дворце (Општина Сарај) и од 21.05 до 22.10 часот, со 1 ПП возили и 3 пожарникари интервенирале на запалено стрниште и ѓубре на површина од 2 000m2 во с.Шишево (ОпштинаСарај)

РЦУК Битола информира дека ТППЕ Битола дека од 12.55 до 14.15 часот, со 1 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Гермијан.

РЦУК Струмица известува за три пожари: пожарот на запалена ниска вегетација и прнар кај с.Марвинци (Општина Валандово) што од 19.06.2024 година беше локализиран и немаше активно горење, вчера екипи од ЈП МШП „Саланџак“ – Валандово, ДЗС, ТППЕ Валандово го локализираа и го контролираа за да не дојде до повторно активирање, по што е целосно ликвидиран. ТППЕ Струмица, од 11.56 до 13.25 часот, со 2 теренски возила и со 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во Добрашинци (Општина Василево) и од 14.20 до 17.15 часот, со 2 теренски возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и депонија во с.Штука.

РЦУК Штип известува за два пожара: ТППЕ Штип од 14.00 до 16.30 часот, интервенирале на запалена земјоделска површина (житни култури и 1 комбајн) на површина од 40 хектари во атар на с.Батање (Општина Карбинци).ТППЕ Кочани имале една помала интервенција заради запалена градска депонија.

РЦУК Куманово известува за три пожари: ТППЕ Куманово од 20.05 до 20.50 со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалени прагови од пруги во Железничка станица; од 17.55 до 18.55 часот, со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Стари Лојза“. Исто така, во изминатото деноноиќие имале уше една помала интервенција.

РЦУК Тетово известува дека пожарникарите од ТППЕ Тетово од 17.10 до 18.00 часот, со 1 ПП возила и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Требош.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK