„Чудно е што овие ставови Стевчо Јакимовски не ги имаше кога беше чест посетител на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, па со восхитување зборуваше за истото“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ГРОМ.
„Во однос на архитектонскиот стил на седиштето, Јакимовски треба да се обрати на друга адреса, а тој многу добро знае која е таа адреса.
Јакимовски да се одлучи дали ќе го поддржува идејниот творец на барокот или ќе го напаѓа.
Ја разбираме задачата која што Ковачевски му ја има дадено на Јакимовски, но тој треба да се праша дали навистина вреди да оди толку ниско, да се валка во кал, за да си ја плати својата слобода“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.