Четиринаесет тони бои и лакови изгореа во пожарот во Тетово, се испитува колку се загадени почвата и водата

Шукова-за-пожарот-во-Тетовско-Општината-да-провери-дали-складот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пожарот во магацин тетовското село Фалише, изгореа 14 тони бои и лакови и други хемиски препарати.


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов рече дека поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и други хемиски препарати.

„Од вчера до денес врне слаб дожд а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување“, вели Ангелов.

Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување.

Претходно денес, министерка за животна средина, Каја Шукова рече дека ќе има загадување и на почвите и водите, а евидентно е дека ќе има и загадување на воздухот. Затоа уште вчера, вели таа, беше издадена препорака до граѓаните да не излегуваат без потреба, вратите и прозорците на домовите да бидат затворени. Препораката до граѓаните е да внимаваат и во следните неколку дена.

Шукова истакна дека доколку во тој крај има земјоделски култури, тие не треба да бидат во употреба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK