Честитка од претседателот Пендаровски до српската заедница по повод празникот Свети Сава

Порака-од-претседателот-Пендаровски-по-повод-5-Ноември-–-Светскиот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.


Претседателот во името на македонските граѓани, го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Северна Македонија и посака мир и радост.

-Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св. Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности, – вели Пендаровски во честитката.

Тој додава дека како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество, а за тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.

-Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Северна Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња, вели претседателот Пандаровски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK