Честитка на претседателот на Собранието Џафери за Денот на Власите

dzaferi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по повод 23 Mај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Република Северна Македонија.







– Дозволете од име на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам 23 Мај, Националниот ден на Власите. Упатувам искрени желби за убав празничен ден, поминат во мирот и спокојот што го нуди семејниот дом исполнет со блиски и драги луѓе. Сега повеќе од кога било треба да се сплотиме, да се слушнеме и видиме, да бидеме рамо за поддршка и охрабрување за нашите блиски, за нашите деца и за нашата држава. Предизвиците со кои се соочува светот чиј дел сме неспорно и ние, колку и да сме мали, имаат свој негативен одраз врз секојдневието и навиките што сме ги имале. Било да се работи за економската, енергетската, прехранбената криза, било да се работи за најсуштинското – животот како благослов, нашата животна средина и планетата Земја која се менува од ден на ден. Не можеме да ја занемариме ниту политичката нестабилност во нашата земја, која се одразува врз предвидениот и очекуван напредок кон исполнувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија. Сето тоа е мотив да бидеме единствени, да споделуваме и добро и лошо, да се радуваме и тагуваме и за успесите и за поразите, затоа што и тие се заеднички. Република Северна Македонија, е наш заеднички, топол и безбеден дом и земјата во која најдобро ги изразуваме нашите посебности, а сепак обединети во една единствена целина во која секоја заедница е вреден дел кој на несебичен начин придонесува со тоа што најдобро може за заедничката цел – напредна и успешна Република Северна Македонија! Уште еднаш, честитки и Ви посакувам убав празничен ден!, се наведува во честитката од Џафери

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK