Цените пораснаа до 25 проценти кај некои продукти, рече Мицкоски и најави реакција уште денес

market-so-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој најави реакција од институциите.


Според Мицкоски, ваквото однесување н трговците не е етичко, особено што се случува пред празниците.

„Тоа што мислеа дека ќе не надмудрат и си играат со трпениоето на граѓаните и Владата не е добро. Тоа не е коректно однесување, особено пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање, а не наеднаш да се зголмеуваат цените на одредени продукти. Тоа е нечовечно однесување. Реакција од институциите ќе има уште денес, а ако продолжат така, реакцијата ќе биде поголема во периодот што следи“, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека вакви трикови нема да поминат.

Мицкоски истакна дека имаат и други мерки кои можат да ги преземат за производите да не поскапуваат, за кои јавноста ќе биде информирана.

Премиерот претходно вчера најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK