Царинска управа: Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за 7 проценти

1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приходите наплатени од Царинската управа во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или 7 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, вели дека резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината.


– Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во Буџетот, односно повеќе пари за изградба на патишта, училишта, болници. Ова е нашата цел, која како што покажуваат резултатите, ја остваруваме, вели Богоев и притоа додаде дека остварените резултати значат поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата. Приходите од ДДВ при увоз во првото тримесечје годинава изнесуваат 17,9 милијарди денари, или за 4,6 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, приходите од царина се зголемени за 14 проценти, приходите од акциза од енергенти се зголемени за 12,5 проценти, приходите од акциза од алкохол и алкохолни пијалоци за 8,3 проценти, додека од тутунски производи за 6,3 проценти. Наплатата на данок на моторни возила во однос на минатата година е зголемена за 153,7 милиони денари или за 33,9 проценти, споредено со првото тримесечје минатата година“, додава Богоев

Во последната анкета на Советот на странски инвеститори Царинската управа, како што вели, е орган од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK