Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ

Бујар-Османи-ќе-биде-кандидат-за-претседател-на-ДУИ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али Ахмети.


Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство.

„Ве поканувам да ни се придружите на најважниот референдум во тоа време за: Кажете „не“ на Русија, „да“ на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.“, рече Ахмети.

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка. Оваа одлука на трети март ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ пак објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова која поднела план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски исто така ќе се кандидира за претседател, а како што рече како кандидат го предложила неговата партија ГРОМ.

Обединетата албанска опозиција застана зад претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK