Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: „Побаравме објаснување од бугарската страна за фотографирањето“

siljanovska-radev-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан амбасадорот на Република Бугарија, Желјаско Радов, каде беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна, соопшти Министерството.


Во разговорот со бугарскиот амбасадор било потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера.

Дополнително, на амбасадорот Радуков му било укажано дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија е непријатно изненадено од последната изјава на амбасадорот Ангел Димитров, претседавач на бугарскиот дел од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, дадена во емисијата „Офанзива со Љубомир Огњанов“ на НОВА Вести.

„Изјавата во основа го нарушува начелото дека претседавачот на експертската комисија не треба да дава политички изјави за Владата на соседна држава, која е легитимно избрана. Сметаме дека оваа изјава е несоодветна и непримерна“, велат од МНР.

На средбата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на амбасадорот Радуков, исто така, му било пренесено дека Република Северна Македонија и понатаму останува посветена на позитивен развој, унапредување и зајакнување на билатералните односи и соработката во сите области од заемен интерес за двете држави и нивните народи, за што била потврдена подготвеност и од другата страна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK