Бубевски: Кривичните пријави за нелегално реемитување програми на националните телевизии се споени во еден предмет

monitori_234234342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Три кривични пријави за нелегално реемитување на програми на националните телевизии Канал 5, Телма и Алфа се споени во еден предмет бидејќи станува збор за исто дејство и едно лице, вели првиот човек на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски. Во изјава за Канал 5 појаснува дека сега случајот е во фаза на предходна постапка, која вклучува низа активности за утврдување на фактичките состојби и прибирање докази.







-Се работи за предистражна постапка, за овие кривични дела не е ниту предвидена истражна постапка, бидејќи истражната постапка е предвидена за дела за кои е предвидена потешка казна затвор. За овие дела, во зависност на тоа колку е прибавената корист, казните се движат до максимум пет години затвор. Имајќи предвид дека максималната е до пет години затвор, за ова се предвидени истражни дејствија кои во суштина се тајни истражни дејствија од страна на Обвинителство за да не се осуети постапката. Се постапува по предметот. Кога ќе се прибере целиот доказен материјал, тоа сега се работи за еден предмет, јавниот обвинител кој си го работи предметот ќе донесе соодветна одлука, се разбира имајќи в предвид сите факти, вели Бубевски.

Сепак, како што посочува, Обвинителството нема како да го стопира нелегалното емитување на програмата. Во однос на паралелата за тоа што се случува во земјава наспроти функционалноста на европските механизми за превенција и санкција за прекршување на авторски права и пиратеријата, Бубевски вели оти треба само да го презземеме.

– Државата треба да си ја усогласи таа политика и да види како и на кој начин ќе се бори против ова, бидејќи современите држави имаат свпо сериозни институции кои на многу поефикасен начин и побрзо го решаваат сето тоа, имајќи предвид дека материјата на авторското право многу е тенка со граѓанско правна заштита и кривично правна заштита, а од друга страна државата може да го изрегулира тоа на соодветен начин….Ние се стремиме кон тие земји, тоа законодавство очигледно дава резултати таму кај што е, а треба да го превземеме во тој контекст, истакнува Бубевски.

За перцепцијата на јавноста дека законите не се имплементираат, Бубевски тврди дека Обвинителството си постапува, но ваквите пријави биле ретки, и за две години имало само четири случаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK