Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со заменик министерката за здравство Маја Манолева ги посетија жените борци од Градски одбор на Сојуз на борци по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.
„Изразувам најискрени честитки и почит за нивната исклучителна храброст и непобитна решителност во борбата за слобода и правда. Вие сте вистински пример на силата и одлучноста на жената, која со придонесот кон македонската кауза за слобода, го остави својот вечен белег во историјата на македонскиот народ во создавањето на современа македонска држава, и стана потсетник за нас сите дека слободата и правдата треба секојдневна и неуморна борба”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека денешниот 8-ми Март не само што е прилика да се спомене нивната важна улога, туку и да се потсетиме на неопходноста од продолжување на борбата за еднаквост, социјална и економска правда и правична застапеност за сите жени.