Бојмацалиев: Реконструирани сите полициски објекти на територија на СВР Куманово, во ОВР Крива Паланка вложени над девет милиони денари

b5bdc14e-9fed-43ad-8bc7-6121c5446d92.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, оствари работна посета на Крива Паланка каде што остварија работна средба со раководствата на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при СВР Куманово, а ќе ја посетат и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Деве Баир” при Регионален Центар Исток, како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.


„Од страна на раководството на ОВР Крива Паланка бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година a безбедносната состојба ja оценивме поволна на задоволително ниво. Забележителна е ефикасноста од над 70% во реализација на кривично правни настани по приватна тужба и по службена должност за период 2023 година и 2024 година прво тримесечје”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој потенцираше дека на територијата на СВР Куманово сите полициски објекти се реконструирани.

„Во 2021 година беше направена комплетна реконструкција и санација на целиот објект на ОВР Крива Паланка за само два месеци, за сума од над 9.000.000 денари средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина. Сите полициски објекти во овој реон се реконструирани со вкупен влог од 65 милиони денари со што уште еднаш докажавме дека задоволна и опремена полиција носи високи резултати и ја гарантира безбедноста на граѓаните и државата”, рече Бојмацалиев.

Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека и во Крива Паланка оперативниот штаб на МВР за спроведување на изборниот процес функционира редовно, подготвени за гарантирање на безбедноста во насока на фер, слободни и демократски избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK