Бојмацалиев: 17 милиони евра за 80 реконструирани објекти, започнати нови реконструкции на управните служби во МТВ и Центарот за Обука во Идризово

Бојмацалиев-17-милиони-евра-за-80-реконструирани-објекти-започнати-нови.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за медиумите по посетата на Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што стартува реконструкцијата на комплексот после цели 53 години, рече дека ова е 82 објект во рамки на планот за реконструкција на полициски објекти на територијата на целата држава.

„Би сакал да напоменам оваа реконструкција е 82 објект, претходно во декември 2023 започна реконструкцијата на 81-от објект – Управните служби во МТВ. Претходно беа реконструирани 80 објекти низ државата за кои од Буџетот на МВР издвоивме околу 17 милиони евра. Исто така, во тек е изградба и на новата полициска станица во Аеродром“, истакна Бојмацалиев.

Тој потенцираше дека биле вложени 14 милиони евра за опрема и униформи на македонската полиција.

„За подобри услови за полициските службеници, помотивирана полиција, за да имаме резултати како што ги имаме во изминатите 30 години, најдобри статистички покажано, вложивме околу 14 милиони евра во униформа и материјално-технички добра”, рече Бојмацалиев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK