Бочварски од Валандово: Реконструиравме преку 180 улици во општините, подршката продолжува за да создадеме подобри животни услови за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во континуитет го подобруваме животот на граѓаните, а урбаниот развој и подобрување на локалната инфраструктура во општините се нашите приоритети и ние активно работиме на таквите приоритети. Централната власт останува најголем поддржувач и инвеститор во општините, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Валандово.



Во рамки на посетата, Бочварски со градоначалникот Перо Костадинов потпишаа договори за реализација на инфраструктурни проекти во општина Валандово.

Тие извршија увид во изградба на локалниот пат за поврзување на населените места Јосифово и Калково, проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Исто така извршија увид и на завршениот локален пат во н.м Горна Маала во село Јосифово, инвестиции со вкупна вредност од преку 20 милиони денари.

„Ова се многу значајни средства за локалната самоуправа и убеден сум дека даваме силен инпут за развој на општината и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Нашиот приоритет останува ист, модернизација на инфраструктурата во општините, бидејќи тоа носи директен бенефит за населението. Општина Валандово е една од општините која максимално ги користи средствата што централната власт ги има наменето за поддршка на локалните самоуправи, а ние преку Министерството за транспорт и врски тука инвестираме како во патната, така и во комуналната инфраструктура и исклучително сум задоволен од досегашната соработка која ја имаме со градоначалникот Костадинов. Имаме прецизен план како да ги развиваме општините, а тоа го покажуваме токму со овие директни инвестиции. Продолжуваме со добрата комуникација и заедничка соработка, граѓаните ни се на прво место и работиме за обезбедување подобри услови за живот во сите општини“, изјави Бочварски.

Костадинов најави продолжување на активностите со цел модернизација на целокупната инфраструктура во општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK