Битиќи се правда за терањето партиска агенда во работно време: Имам еден час пауза

Битиќи-се-правда-за-терањето-партиска-агенда-во-работно-време.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денесшната посета на експремиерот Димитар Ковачевски и се уште актуелниот вицепремиер за економси прашања Фатмир Битиќи на команијата „Лапласт – М“ е дел од партиските активности на СДСМ. Вака Ковачевски објасни зошто се појавува на настани заедно со вицепремиерот во текот на работното време.


На прашањето во која улога е дојден во посета на компанијата Лапласт-М, Ковачевски одговори дека е дојден како претседател на СДСМ, исто како и другите претседатели на партии кои одат во посета на компании, општини.

Експремиерот појасни дека Битиќи во посета на компанијата е дојден како потпретседател на СДСМ, а не како вицепремиер за економски прашања.

„Битиќи е потпретседател на Влада и потпретседател на СДСМ. Тоа е успех за еден човек. Нормално е дека сакаме да ги посетиме компаниите коишто за прв пат имаа можност да добијат поддршка на инвестициите кои тие ги прават“, кажа Ковачевски.

Во однос на забелешката дека работното време во Владата на Битиќи е од 8 часот и 30 минути, а тој се појавува на партиски настан во 11 часот, Ковачевски рече: „Така де, тука му е работното време, да ги посети фирмите“.

За партикста посета на „Лапласт – М“ се оправда и вицепремиерот Битиќи.

„Кога е работното време има време за пауза и време за одмор. Денеска не знаете дали користам ден од одмор или користам време на пауза, која е вообичаено саат време во денот. Јас работам за граѓаните, ова се моите сограѓани“, се правдаше Битиќи.

Ковачевси по оставката од функцијата премиер, во јавноста продолжи да се појавува со речиси исто темпо како во периодот пред оставката, а посетите на кои го следат камери вели дека се дел од партиска агенда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK