„Бидете херои на чесноста“ – кампања за борба против корупцијата

heroi-na-chesnosta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во основното училиште „Братство” во Скопје денеска ќе се одржи третото по ред предавањето во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“.







Кампањата е на Државната комисија за спречување на корупција е дел од Активноста за анти-корупција и интегритет која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, а е финансирана од УСАИД.

Како што е најавено, целта е преку кампањата ученците и ученичките да се едуцираат за поимите интегритет и корупција, за да се подигне свеста кај нив за штетните ефекти од корупцијата, како и да се создаде антикорупциско движење во земјава кое би придонело за општество со нулта толеранција за корупција.

На настанот најавено е обраќање на претседателката на Државна комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK