Министерството за правда во текот на денот ќе го поднесе барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски – Палчо, кој е првоосмничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања и велешанецот Панче.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес-конференција синоќа објави дека очекува ескстрадицијата да биде завршена во брзо време.
Турската полиција вчера во фати Палевски додека одел пеш на автопат во Баликесир, по известување дека влегол во Турција.
Министерот Спасовски рече дека детали околу апењето, изјавите на Палевски по апсењето ќе се споделат кога ќе биде донесен кај нас, а на екстрадицијата ќе работи Министерството за правда.