Бараме масивна поддршка од албанците за Османи, за да ни се овозможи да го измениме Уставот, вели Арбер Адеми

Бараме-масивна-поддршка-од-албанците-за-Османи-за-да-ни.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Демократска Унија за Интеграција, како што најави во текот на вчерашниот ден лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи, кандидат за Претседател на нашата земја. После Првиот Премиер Албанец, Првиот Вицепремиер, Министерот за надворешни работи, тој за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранители и Народниот Правобранител, претседателите на Уставниот, Врховниот и Управниот Суд, претседателите на фудбалската, боречката и боксерската федерација, дојде време да го отвориме патот и Претседателот на државата да биде Албанец“, рече портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми.


„Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на Претседателот на државата во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничко надгласање и наметнување само од двете поголеми македонски политички партии. Токму ова идеја, дериватите на ДУИ предводени од разрешениот претседател на Алијансата не ја разбрале кога претходно ја прочитале, значи еден ден претходно, говорот на Али Ахмети бидејќи успеале да „го обезбедат„ предвреме вчерашниот говор на нашиот Претседател. Оваа идеја, Али Ахмети ја претстави на Вториот Изборен Конгрес на Демократската Унија а Интеграција во 2009 година во Скопје кога ги наброи 12 позиции, тогаш недостишни за Албанците, додека истата ја имавме во изборната Програма од 2014, 2016 и последно 2020 година“, додаде Адеми.

Според него, дериватите на ДУИ читаат и не разбираат и им прават голема услуга паѓајќи во нивната стапица за да ја присвојат идејата на ДУИ, но ова многу добро го разбираат од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, уште подобро разбираат Албанците и граѓаните на Македонија.

„Затоа, бараме апсолутна, масивна поддршка на албанците и другите граѓани за кандидатот Бујар Османи, за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за Претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство. Овој ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг на Претседателските избори и за Парламентарните избори, и ние ќе го постигнеме тоа. Само со еден глас за најсилната Албанска партија ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мулти-религиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион“, завршува Адеми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK