Кибер-заканите се предизвици со кои постојано ќе се соочуваме и оттаму потребата од постојана работа на зајакнување на нашата отпорност кон нив. Преку експертски конференции разменуваме искуства и знаења, градиме заеднички одговор на заканите. Прашањата од областа на кибер-безбедноста не се проблем на поединецот, на агенција, министерство, влада, општество, држава, тоа се глобални предзивици. За жал, руската војна против Украина само ја нагласи важноста од зајакнување на безбедноста и во дигиталниот свет, рече вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во обраќањето пред учесниците на конференцијата „Балкански денови за кибер-безбедност 2023“.
Кога станува збор за процесот на дигитализација и принципите на добро владеење во земјата, таа ја искористи можноста пред стотината експерти за кибер-безбедност од земјата и регионот да презентира некои од активностите што ги спровела Владата во таа насока. Тука ги посочи активностите за координирање на работата на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, на начин што во него се вклучени сите засегнати страни.
– За првпат тоа тело е уредено на таков начин, вклучувајќи претставници на повеќе министерства, АЕК, МАСИТ, две парламентарни комисии предводени од опозицијата, што е особено важно за континуитет на активностите, тоа да трае подолгно од еден мандат. Потоа во него се вклучени академската фела, студентите во браншата, банкарските асоцијации, сите засегнати страни. Кога се збогува за дигиталната трансформација на општеството, сакам да нагласам дека истовремено зборуваме и за кибер-безбедноста, не можеме и не смееме на неа да гледаме оддвоено, бидејќи паралелно со дигиталната трансформација на општество мора да изградиме доверба кај граѓаните, да знаат дека при користењето на дигиталните услуги нивните податоци ќе бидат заштитени. Тоа е можно единствено доколку им се пружи безбедна инфраструктура и алатки што ќе ја зајакне нивната доверба во институциите, рече Грковска.
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Јетон Акику, од своја страна истакака дека важноста на овој настан во Охрид произлегува од можноста што ја нуди на експертите, практичарите и регулаторите да седнат заедно и да споделат знаења и искуства во областа на кибер-безбедноста.
– Кибер-безбедноста прерасна во критична грижа за владите, компаниите, поедниците во светски рамки. Таа не е само техничко туку повеќе стратешко прашање што ги засега саите акспетки на живеењето. За Балканот прашањето на кибер-безбедноста е од посебна важност оттаму што како регион бележи забрзан развој на дигиталната трансформација и инфраструктура, соодветно се соочува со кибер-напади и онлајн измами. Тука сме да учиме еден од друг и да соработуваме во справувањето со предизвиците, рече Акику.
За заменик-директорот на Женевскиот центар за управување со безбедносниот центар, Марк Доунс, единствениот начин за справување со заканите кога е во прашање безбедноста во сферата, е преку унапредување на меѓусебната координација и соработка, како на експертско така и на техничко ниво, пријавуваат инциденти, воспоставување безбедносни стандарди и размена на информации.
– Покрај воспоставената меѓусебна сорботка како начин за справување со безбедносните предизвици, клучен фактор е таа да се заснова на доверба и оттаму важноста на собирите како овој, каде им се овозможува на учесниците од повеќе земји преку непосреден контакт да споделуваат искуства, да промовираат заеднички интереси и да ја зајакнуваат довербата, нагласи Доунс.
Собирот во Охрид се одржува во организација на Женевскиот Центар за управување со безбедносниот сектор (DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance), Форумот за справување со инциденти и безбедносни тимови (FIRST- Forum for Incident Response and Security Teams) и MKD-CIRT Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации.
Конференцијата во Охрид е прв од низата предвидени настани во контекст на остварувањето на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста на Западен Балкан“ поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, комонвелтот и развој на Обединетото Кралство. На овој и на следните настани се предвидува да се прошири и на професионален начин мрежата на соработка меѓу професионалците од областа во регионот со запознавање на техниките и процедурите на водечки експерти за сајбер-безбедност.