Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија – објавени фотографии од местото на несреќата, возачот загина

nesreka-italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Автобусот со македонски туристи кои учествуваше во сообраќајната несреќа во Италија на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона, се судрил со два камиони, јавуваат италијанските медиуми.

Како што пренесуваат, до верижниот судир дошло денеска околу 10 часот, а во несреќата учествувале два камиони и автобус, пришто загинатиот е возачот на македонскиот автобус.

По судирот , едниот од камионите се запалил во тунелот Винчи, a причините се’ уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.

Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.

За несреќата претходно информираа од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што објавија дека загинатиот возач на автобусот е со иницијали 59-годишниот Р.И. кој е македонски државјанин, додека полесно повредени се 12 патници од Македонија.

 

Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим остануваат во комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK