Автобусот со македонски туристи кои учествуваше во сообраќајната несреќа во Италија на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона, се судрил со два камиони, јавуваат италијанските медиуми.
Како што пренесуваат, до верижниот судир дошло денеска околу 10 часот, а во несреќата учествувале два камиони и автобус, пришто загинатиот е возачот на македонскиот автобус.
По судирот , едниот од камионите се запалил во тунелот Винчи, a причините се’ уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.
Македонските патници се пренесени во болница, пишуваат италијанските медиуми.
#AscoliPiceno, dalle 10 #vigilidelfuoco impegnati a Cupra Marittima per un #incendio nella galleria Vinci, sulla A14, coinvolti un pullman e un camion carico di sostanze alcoliche: 5 squadre al lavoro, giunte anche da Fermo e Macerata, intervento in corso [#4aprile 11:30] pic.twitter.com/fhZ2CJ9Dyk
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) April 4, 2024
За несреќата претходно информираа од македонското Министерство за надворешни работи, од каде што објавија дека загинатиот возач на автобусот е со иницијали 59-годишниот Р.И. кој е македонски државјанин, додека полесно повредени се 12 патници од Македонија.
Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим остануваат во комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.