Автобус се запалил на околу три километри пред месноста „Стража“.
Од МВР за „Макафакс“ велат дека автобусот се движел кон Кичево, а несреќата се случила околу 11 часот и 20 минути.
На лице место веднаш биле испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица.
Нема повредени лица, а причините за опожарувањето на автобусот засега се непознати.