Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Телма при нејзиното известување за вчерашната седница на Судскиот совет на која учествуваа и експерти на оценувачката мисија на Европската Унија.
На новинарите и медиумските екипи треба да им се овозможи слободен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи.
Работа на медиумските работници е да известуваат секогаш и од секаде, а обврска на институциите е тоа право да не им го попречува со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање.