Арсовска со иницијатива за помош на младиот Леонид: советниците да донираат еден месечен паушал, а градоначалничката една плата

Арсовска-со-иницијатива-за-помош-на-младиот-Леонид-советниците-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост, велат од Град Скопје во врска со случајот на младиот Леонид.


„Кога се работи за еден млад живот чекањето не е опција, од таа причина градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денес до Советот на Град Скопје, испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.

Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од градот Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид“, информираат од Град Скопје.

Од денес пак, градот Скопје како што беше најавено вчера, започнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот а во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

„Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост“, потенцираат од градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK