„Арсовска е промашена инвестиција“- Таравари цени дека не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници

Алијанса-за-Албанците-нема-да-оди-на-листа-со-ДУИ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според министерот за здравство Арбен Таравари, скопската градоначалничка Данела Арсовска е промашена инвестиција но како што вели не смее да се остави простор политичари да разрешуваат градоначалници.



„Има предлог од ЗЕЛС или градоначалникот на Кисела Вода, како да се разговара за разрешување на градоначалници, јас мислам дека градоначалниците се избираат непосредно од народот. Ние предлагаме промени во законот за локална самоуправа. Значи целта е да рационализираме, да нема избори и во декември или јануари, па октомври повторно идната година“, вели Таравари.

Прецизира дека на градоначалниците мандатот може да им го земе само тој што им го дава, во случајот народот.

„Иако има градоначалници кои иако се избрани од народот не функциниораат како што треба. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода се повикаува најмногу на градоначалничката на Град Скопје, која е промашена инвестиција“, додава Таравари.

Според него, треба да има политичка одлука околу разрешувањето.

„Но народот ги избира народот може да ги разреши градоначалниците“, потенцира Таравари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK