Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски искоментира дека се однесува како џанак

apasiev-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Првиот човек на политичката партија Левица пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.

„Ние би дале поддршка од нашите шест пратеници да не биде Албанец претседател на Собрание. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка, на невидено само да не биде повторно косоваризиран македонскиот парламент“, рече Апасиев.

Прашан од новинарите зошто му пречи Албанец да дојде на оваа функција, Апасиев рече дека е противуставно да се зборува на друг јазик освен македонскиот кога се преседава со седница.

„Си ги гласавте патриотите тоа ќе ви биде реалноста“, додаде Апасиев.

Потоа од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше побаран став за повикот на Апасиев, на што Мицкоски рече дека тој се однесува како џанак.

„Треба ли да го коментираме Димитар Апасиев? Тој пред изборите имаше бланко понуда да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство, но одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива, дали на Хуркада или на некоја друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вика дека тие се една група на џанаци, така и продолжува да се однесува“, рече Мицкоски.

Во Собранието почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. На дневен ред се избор на Верификациска комисија, верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието – функција што е превидено да ја извршува Африм Гаши од Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK