Андоновски: Владата покажа дека Фронтот за ЕУ е лажен, владата е лично одговорна за немањето напредок во Извештајот на ЕК

Андоновски-Владата-покажа-дека-Фронтот-за-ЕУ-е-лажен-владата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Има причина зошто Владата не организира помпезни прослави, музички настани, долги прес-конференции и панел дискусии на кои се фали за успесите во своите евроинтеграции, коментира секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.


На прес-конференција, Андоновски кажа дека Владата јавно покажа дека Фронтот за ЕУ е лажен фронт. Очигледно е дека во евроинтеграциите, вели тој, поголем проблем стана корупцијата и нефункционалниот систем од билатералните проблеми кои ги има Македонија.

„Владата е лично одговорна за лошите оценки. Адресата за тоа кој е одговорен за немањето напредок е на „Илинденска“. Залудно Османи се крие зад опозицијата. Залудно Маричиќ го прозива ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и ДУИ се оние кои пред пет години ветија реформа на јавната администрација и нови закони и до денеска не реализираа. И денес јавната администрација е попартизирана, кронизирана, полна со непотизам, партиски избрани членови за вработени. И денеска јавната администрација нема нови закони за висок раководен менаџмент, нема закони за управување со јавната администрација, воопшто нема желба за реформи во јавната администрација. СДСМ и ДУИ бираа членови на Судскиот совет кои потоа бизарно беа разрешувани. Извештајот јасно покажува дека нема прогрес во правосудството. А, потоа извештајот ги набројува оставките на високите функционери во Судскиот совет, голем дел предложени од СДСМ. Извештајот ги нотира и обидот за отстранување на камерите од состаноците на Судскиот совет, и контроверзното разрешување на екс претседателката на Советот“, рече Андоновски.

Доаде дека за првпат извештајот јасно ги набројува законите со кои се злоупотребува европското законодавство.

ВМРО-ДПМНЕ заклучува дека се работи за извештај за стагнација, а не за напредок, со оглед на тоа што зборот стагнација или нема напредок е најзастапениот збор во Извештајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK