Aндоновски: Сите млади заслужуваат достоинствени услови за вработување

sutoorizari3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски денес беше во посета на граѓани и млади во општина Шуто Оризари.

“Како што можеме да забележиме со 7 години власт на СДСМ и ДУИ особено во Шуто Оризари, невработеноста е зголемена во оваа општина, доколку на национално ниво е 14% невработеноста, тука е 27%, затоа сме овде со граѓаните кои ни кажаа дека сакаат промени”, истакна Андоновски.

Андоновски истакна дека на граѓаните во Шуто Оризари, но и низ цела Македонија, заслужуваат достоинствени услови за вработување и доброплатени работни места.

„Затоа треба да им обезбедиме ИТ и други обуки за квалификација, доквалификација и преквалификација, за да добијат високо платени и достојни работни места“.

“Во програмата за парламентарните избори оваа година имаме предвидено поддршка на вработувањето, самовработувањето, зголемување на платите, но не на овој вештачки начин кој што СДСМ го прави изминативе години, туку да им помогнеме на луѓето да ги добијат квалитетите и квалификациите кои што ги заслужуваат” , порача Андоновски.

Заменик министерот забележа дека ова не е недостижна мисија, туку дека е реален проект кој што некои земји во светот и наши соседни земји успеале да го имплементираат и кај нив. Посочи и дека е важно да се инвестира во младите и повозрасните, за да добиеме подобар животен стандард за сите граѓани и истите да останат да работат тука во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK