Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Исто така возачите треба да внимаваат на местата каде што се вршат работи на санација на коловоците и е воведен времен режим на сообраќај како на регионалниот пат Прилеп – Битола каде патот е целосно затворен кај Шемница од 27.03.2024. Освен тоа, времена измена на сообраќаен реѓин има на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ на десна коловозна лента.