Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

prolet_2015_soncevo_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 28 степени.

И во наредните денови продолжува периодот на сончево и топло време со појава на повремена умерена облачност.

Во недела на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер. Промена на времето со локални врнежи од дожд се очекува кон средината на следната седмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK