Алијанса за Албанците: Обвинувањата на опозицијата дека го штитиме Јавниот обвинител се неосновани, тоа е комичен театар

Алијанса-за-Албанците-Обвинувањата-на-опозицијата-дека-го-штитиме-Јавниот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинувањата на опозицијата дека АА го штити Јавниот обвинител се неосновани и само докажуваат колку се неинформирани за постапките и за конкретниот случај. Опозицијата со последните дејствија изигрува комичен театар, поднесувајќи интерпелација за главен обвинител на кој сега му истекува мандатот, додека министерот за правда Кренар Лога испратил информација до Владата, со која и официјално го започна процесот за избор на новиот главен обвинител, реагираат од Алијанса за Албанците.


Од партијата ја пренесуваат постапката и роковите за избор на Јавен обвинител според законските одредби кои мора да се почитуваат:

„Постапката за именување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија е уредена во член 64 од Законот за јавното обвинителство. Во член 63 ставот 1 од наведениот закон е пропишано дека Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, по предлог на Владата на Република Северна Македонија, го именува Собранието на Република Северна Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Постапката за именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија започнува со огласувањето на именувањето. Имено, во членот 64 во ставот 1 е пропишано дека Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Владата на Република Северна Македонија го огласува именувањето на Jавниот обвинител на Република Северна Македонија во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и во најмалку два дневни весника од кои еден од весниците што се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнувањето на местото. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија е должен да ја извести Владата на Република Северна Македонија за истекот на мандатот најдоцна во рок од три месеци пред истекот на истиот.

Рокот за поднесување на пријавите е 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Во ставот 3 е пропишано дека Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, на барање на Владата на Република Северна Македонија во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето до Владата на Република Северна Македонија доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно со закон.

Ставот 4 уредува дека Владата на Република Северна Македонија до Собранието на Република Северна Македонија доставува предлог за именување на Jавен обвинител на Република Северна Македонија од пријавените кандидати за кои Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија дал позитивно мислење. За кандидатот што ќе го предложи Владата за Jавен обвинител на Република Северна Македонија, кон предлогот се доставува и мислењето од Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија.

Доколку Советот на јавни обвинители став 5 од оправдани причини во рокот од ставот (3) на овој член не достави мислење до Владата на Република Северна Македонија, рокот од ставот (3) на овој член се продолжува уште за 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно.

Исто така, ако Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати Владата на Република Северна Македонија не може да утврди предлог за именување на Jавен обвинител на Република Северна Македонија и ќе му предложи на Собранието да го повтори огласот од ставот (1) на овој член.

Согласно наведеното, а врз основа на член 64 од Закон за јавното обвинителство, потребно е по добивањето на известувањето од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за истекот на неговиот мандат, Владата на Република Северна Македонија до Собранието да достави предлог за огласување на именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија“, информираат од Алијанса за Албанците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK