СДСМ го повика министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски да излезе пред јавноста, тврдејќи дека постои вистина што треба да ја каже за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се бара со меѓународна потерница за проневера на 8 милиони евра во Државна лотарија.
Опозициската партија отворено се сомнева дека бегството на Груби не бил никаков пропуст, туку станува збор за, како што велат, добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се пушти Груби да избега, а на чело на целата операција, наводно, според тврдењата на Социјалдемократите, стоел Тошковски.
„Ако Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост“, велат од партијата преку допис до медиумите.
ВМРО-ДПМНЕ пак коментира дека опозициската партија не се оградува од Груби, туку гледа да го оправда и да го поистовети со тие кои го гонат.
Од партијата додаваат дека сите што го прекршиле законот ќе одговараат.
МВР вчера распиша меѓународна потерница по Груби и ексдиректорот на Лотарија, Бајазити кои се недостапни за органите на прогнот.