Ахмети нема да прифати да биде претседател на држава, не му е приоритет такмичењето за било која функција, вели Џафери

ДУИ-за-извештајот-Земјата-ги-исполнува-условите-да-продолжи-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ахмети има мисија а не е претендент за функција, истакна техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање за можноста, лидерот на ДУИ Али Ахмети да претендира за функцијата претседател на државата.


„Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа.

„Нема потреба тој да покажува кој е, и колку е, после 50 години свој придонес за оваа држава и за граѓаните во оваа држава“, рече Џафери.

Негова мисија како што рече техничкиот премиер е Европа и ЕУ и си работи на таа мисија.

„Не мислам дека му е приоритет такмичењето по однос на било која функција“, додаде Џафери.

Претходно, во јавноста имаше објавено информации дека ДУИ планира да истапи со нивниот лидер Али Ахмети за кандидат за претседател на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK