Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, Вероник Хулман.
На средбата се разговараше за евроинтеграциите, уставните измени и швајцарската помош на нашата земја.
Ахмети ја информирал амбасадорката, Хулман и за интегративниот пат на земјата вклучувајќи го и скринингот процесот, оценувајќи дека Република Северна Македонија ги исполнува условите за продолжување на интегративниот процес.
Усвојувањето на уставните измени е опишано како неопходна потреба бидејќи земјава нема друга алтернатива освен членството во големото европско семејство.
Ахмети изразил благодарност за помошта на швајцарската влада, за континуираната поддршка што и ја нуди на нашата земја преку различните програми кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и демократизацијата на процесите во државата.