По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Движењето Народ на Скендер Реџепи Зејди, ДЕП на Аријан Хоџа, со Турската демократска партија, со Партијата на Унијата на Ромите и со претставниците на Движењето за правда и демократија на Турците на Македонија, со претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, Али Ахмети денеска потпишаа коалициски договор и со претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац.
Во својот говор, Ахмети ја подвлече важноста на денешната коалиција во паркот на Чаир, како знак на солидарност за споделување на болката за сите оние кои паднаа за време на војната во Босна и Херцеговина.
„Овој договор е потпишан пред споменик кој не враќа во времето на болка, а оваа болка ја споделивме заедно со нашите бошњачки браќа, не само споделувајќи ја болката, туку и преку солидарност и учество на војните фронтови. Сакам да се потсетам на Беким Бериша, кој во тоа време се здоби со тешки рани во војната во Босна и на крајот падна херој во Јуник, Косово. Во оваа прилика сакам да ве потсетам на сите оние изгубени животи за време на таа крвава војна и геноцид. Затоа, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз се согласи овој договор да го потпишеме токму пред овој споменик, со кој ќе се потсетиме на болката, трагедијата и геноцидот“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, додавајќи: Овој сдоговор е направен за да се каже не на Русија, не за геноцидот и насилството во Украина. Со ова приклучување на Бошњачкиот сојуз кон Европскиот фронт го зајакнува овој фронт го прави убедлив победник на претседателските и парламентарните избори. Заедно велиме не на Русија и да за Европа и со ова парола ги повикуваме сите граѓани на Македонија, бидејќи мирот, стабилноста, безбедноста и иднината се градат заедно. Овој фронт е мисионер на мирот, па да живее народот и победата на 24 април и 8 мај на претседателските и парламентарните избори“, рече Ахмети.
Претседателот на БДС, Мунир Колашинац, во својот говор рече дека неговата партија станала од победничкиот фронт, па како заедница ќе придонесат за европска иднина на земјата.
„Бошњачкиот демократски сојуз, по внатрепартиски консултации, одлучи да се приклучи на Фронтот на победата за Европа, за како Бошњаци да годадеме својот придонес за оваа најдобра иницијатива за нашата земја. Преку Европскиот фронт, ние Бошњаците веќе го направивме вистинскиот избор, здружувајќи се заедно со другите заедници за европска иднина на Северна Македонија“, изјави Колашинац.