Американската амбасадорка Анџела Агелер кажа дека не и е познато некакво конкретно и експлицитно руско влијание врз изборите годинава.
„Не ми е познато некое конкретно влијание, но уверена сум дека има бидејќи генерално го има во овој регион Најважно е, како што се приближуваме кон предизборниот период, граѓаните на државата да поставуваат прашања кон кандидатите и кога ќе гласаат да размислуваат за своите приоритети. Тоа е најважно. Важно е да се едуцираат за процесот и кандидатите без разлика кој се меша. Тоа е најмоќната алатка што ја имаат“, рече Агелер.
Министерот за образование, Јетон Шаќири и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска потпишаа меморандум за спроведување на Фулбрајт програмата.