Адеми оствари видеосредба со своите колеги од Италијанскиот парламент, се разговараше и за билатералната соработка

Адеми-оствари-видеосредба-со-своите-колеги-од-Италијанскиот-парламент-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми денес оствари видео средба со Алесандро Џиљо Виња, претседател на Комитетот за ЕУ политики и Џулио Тремонти, претседател на Комитетот за надворешни работи, како и со членовите на двете тела. Имено, тие информираа дека на седница на Комитетот за ЕУ политики и Комитетот за надворешни работи при Домот на пратеници разгледале и дебатирале за четири важни резолуции во врска со поддршката на Италија на процесот на проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.


Претседателот Адеми се заблагодари за принципиелните позиции на Италија и целокупната поддршка за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. Адеми ги запозна соговорниците со актуелните случувања во земјава, која се наоѓа пред формирање на техничка влада во пресрет на парламентарните и претседателските избори, а на европскиот пат се соочува со вето од Бугарија, кое бара промена на Уставот. Во однос на релациите со Италија, истакна дека имаме добра соработка, која може секако да се надгради.

Претседателите на Комитетот за ЕУ политики и Комитетот за надворешни работи на Италијанскиот парламент, ја изразија целосната поддршка на нивната земја кон Северна Македонија, нагласувајќи дека Италија може да обезбеди помош во однос на пристапувањето во ЕУ преку зајакнување на севкупната соработка.

На видеосредбата се направи размена на мислења, се претставија перспективите и критичните прашања поврзани со патот на нашата земја кон пристапувањето во ЕУ, како и во однос на транспонирањето на acquis communautaire, така и во однос на поддршката на јавното мислење.

На видео средбата се разговараше и за билатералната соработка и можностите за нејзино унапредување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK