Во Германскиот Бундестаг, претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, учествуваше на работен состанок со германскиот пратеник Михаел Рот и колегите од парламентите на земјите од регионот, Албанија, БиХ, Србија и Косово.
Овој тип на настан овозможи размена на мислења помеѓу учесниците во однос на процесот на проширувањето на Европската Унија со земјите на Западен Балкан.
Адеми, изрази особена благодарност за силната повеќедецениска поддршка на Сојузна Република Германија на нашиот евроатлантски интеграциски пат. Исто така, тој посочи дека, покрај стратешките приоритети на надворешната политика – активностите во НАТО и идното членство во ЕУ, Република Северна Македонија придава големо значење на интензивирањето и продлабочувањето на соработката со земјите од Западен Балкан.
На средбата стана збор за состојбите во земјава и во регионот на Западен Балкан, особено во поглед на евроатлантските интеграции.