42-годишен битолчанец загина во сообраќајката кај Битола, полицијата со детали за несреќата

42-годишен-битолчанец-загина-во-сообраќајката-кај-Битола-полицијата-со-детали.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

42-годишен битолчанец, кој бил совозач во патничкото возило „пежо“, е загинатиот во тешката сообраќајна несреќа на патот Битола-Демир Хисар, извести СВР Битола.


Со возилото „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувал 36-годишниот К.Ј. од Битола.

Во комбето имало 18 работници и возачот, 25-годишниот А.С. од село Вирово. Сите се пренесени во битолската Клиничка болница каде што им е укажана лекарска помош.

Несреќата се случила малку пред 15 часот, а од 17,55 часот сообраќајот е пуштен за сите видови на возила.

Од Обвинителството известуваат дека јавен обвинител од ОЈО Битола извршил увид на лице место заедно со вешто лице.

„Издадени се наредби за прибирање на траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите. Се постапува за расчистување на причините за несреќата“, додаваат од Обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK