40 пациенти добиваат физикална терапија по пожарот во „Пулс“, имаат проблеми со движење на зглобовите, покажа евалуацијата


Pozar-kocani-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалистите од скопските клиники ја завршија евалуацијата на состојбата на повредените пожарот во „Пулс“ во Кочани.


Прегледани биле повеќе од 110 пациенти кои се лекуваа во странство, а на прегледот се јавиле и млади луѓе кои се лекуваа во Македонија. Дополнително ќе биде изготвен извештај што ќе ја содржи нивната здравствената состојба.

Според податоците на надлежните, четириесет од пациентите добиваат физикална терапија поради проблеми со движењето на зглобовите, а кај 70 се вршат редовни преврски на изгорениците.

Медицинските лица предупредуваат дека процесот на заздравување ќе трае со години, а пациентите мора строго да ги заштитуваат повредите од сонце и други надворешни влијанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK