30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Кацарска-бара-поддршка-од-сите-политички-чинители-за-воведување-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Н.Ѓ., за кој постои основано сомнение за кривичното дело примање награда за против законито влијание од чл. 359 од КЗ, донесе решение со кое: По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени од страна на Јавниот обвинител онесе решение со кое предлогот се уважува, а на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1 точка 2 и 3 односно може да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците, и околности кои
упатуваат дека ќе го доврши или повтори кривичното дело.


Против ова решение, како што е наведено во соопштението од Кривичпниот суд, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Од оваа институција информираат дека, по добивање на предлогот за определување на мерка притвор против осомниченот, кој е актуелен Врховен судија, Кривичниот суд се обрати до Судскиот совет на РСМ како надлежен за одлучување во однос на имунитетот на судијата за што советот донесе одлука:

„Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:

Го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;
Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и
времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка“, е наведено во одлуката.

А, по добивање на одлуката на Судскиот совет, судијата на претходна постапка се обрати и до надлежниот Апелационен суд Скопје, со оглед да член на потесното семејство на осомничениот е избран судија во Основниот кривичен суд Скопје кој веднаш по изборот е времено делегиран да постапува во друг суд, а со цел доследно почитвање на Законските одредби и надлежноста во постапувањето. Од второстепениот суд е добиено решение според кое не постојат законски пречки судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да постапува по предлогот на ОЈО ГОК, по што е донесено горенаведеното решение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK