Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, извести МВР.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 санкции за управување под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.