За 17 е зголемен бројот на заболени од голема кашлица изминативе седум дена.
Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети вели дека сите 17 новозаболени се од Скопје, а со нив вкупната бројка на заболени од голема кашлица се искачи на 39.
Минатата недела, заклучно со 8 февруари, Институтот за јавно здравје имаше регистрирано вкупно 22 случаи на заболени од голема кашлица.