Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 144 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 78 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место.