Ако сте еден од оние кои во својата исхрана често внесуваат бел леб, тестенини, компир, пченка, концентриран шеќер и транс масти, кои сакаат да консумираат алкохол, а имате недоволни физички активности, многу е веројатно дека ќе имате замастен црн дроб. Ако сте направиле крвна слика веќе имате зголемен холестерол и триглицериди, а постојано се чувствувате уморни.
Зголемената количина на наталожени масти во црниот дроб, може да предизвика големи компликации, како и негово целосно откажување. Мастите се акумулираат во црниот дроб и функционирањето на овој орган се менува: ова значи дека нашето тело не може правилно да ги елиминира отпадните материи што влегуваат во нашето тело, особено преку она што го јадеме и пиеме.
Исто така ризик фактори за појава на замастен црн дроб се дебелината, диети богати со шеќер и маснотии што може да предизвика дијабетес тип 2 и хиперлипидемија, покачен крвен притисок, глад или брзо губење на тежината, некои лекови итн. Обично оваа болест се нарекува „тивка болест“ бидејќи често не е пропратена со никакви симптоми посебно во почетната фаза.
Како до обновување на црниот дроб?
Производот со најголем број на релевантни студии за докажување на ефикасноста на дејството при обнова на црниот дроб е белиот трн. Наречен е и млечен трн и ова растение се користи за медицински цели и чистење на црн дроб повеќе од 2.000 години. Потекнува од медитеранскиот регион и сега е распространето насекаде во светот. 100% органско семе од бел трн произвeдува македонскaта компанија Хемера, чија основна цел е подобрување на здравјето на луѓето користејќи ја огромната моќ на природата
Покрај тоа што може да го користат здрави лица за превенирање на состојби и болести на црн дроб, семето од бел трн е препорачано и за лица со: зголемен внес на мрсна храна, алкохол и лекови, замастен црн дроб, инфективни и неинфективни хепатитиси, при труење со храна и при хиперхолестеринемија. Идеален рецепт за прочистување на црниот дроб. Може да се направи чај од бел трн или да се додаде во храната. Бабин лек за црн дроб или храна за црн дроб, и не е важно, само доколку има регенерација на црниот дроб.
Важно е да се почитуваат и препораките за: намалување на телесната тежина следејќи балансирана и здрава исхрана, зголемување на физичката активност, целосно откажување од алкохол. Доколку е во прашање алкохоличарски масен црн дроб најважната работа е целосно престанување на конзумирање на алкохол. Освен калориите потребно е да се намали конзумирањето на преработени намирници.
Намалете го бројот на калории што ги внесувате секој ден и вежбајте повеќе. Обрнете посебно внимание на часовите на спиење, минимум 8 часа на ноќ, одмор и релаксација воопшто.